Во Кривичниот суд во Скопје се одржува првото рочиште против девет полициски службеници обвинети во случајот „Пулс“. Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција им става на товар кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“. Според обвинението, во период од една година тие не преземаат потребни дејствија и проверки, со цел да се заштити јавната безбедност, а истовремено објектот „Пулс“ да добие лиценца за работа.
Обвинителството наведува дека не се направени соодветни проверки за евиденција за нарушување на јавниот ред и мир и за контролата на терен поврзана со сообраќајните решенија, односно безбедноста во сообраќајот. На рочиштето, сите деветмина обвинети се изјаснуваат дека не чувствуваат вина. Дел од одбраната укажува на наводи за селективна правда.
Според информациите, против полициските службеници се водат три одвоени постапки, со различни категории обвиненија.