САД и Иран се на чекор до договор за ставање крај на воениот конфликт, со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф како посредник. Според објавите што се пренесуваат од повеќе извори, постигнат е текст на „меморандум за разбирање“ што предвидува моментално и трајно прекинување на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан. Вашингтон најавува дека по смирувањето ќе ја укине поморската блокада врз иранските пристаништа и дека Ормускиот теснец повторно ќе се отвори за меѓународен поморски сообраќај без дополнителни транзитни давачки. Иранскиот став е дека засега е усогласен само текстот, додека спроведувањето и обврските ќе стапат во сила по формално потпишување. Техеран истакнува двофазен процес: условите поврзани со нуклеарната програма да се финализираат во рок од 60 дена по првичниот договор, со инсистирање на укинување санкции. САД нагласуваат дека економските придобивки зависат од исполнување на американските барања. Израел не дава коментар, а Европа изразува претпазлив оптимизам со услов договорот да доведе до проверливи чекори во нуклеарната програма. Во меѓувреме, постојат и тензии на терен, вклучително и пријавени инциденти околу пловидбата во регионот.
САД и Иран постигнуваат меморандум за прекин на непријателствата и отворање на Ормускиот теснец
САД и Иран се на чекор до договор за ставање крај на воениот конфликт, со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф како посредник. Според објавите што се пренесуваат од повеќе извори, постигнат е текст на „...
- Постигнат е текст на меморандум за разбирање меѓу САД и Иран за прекин на непријателствата и почеток на процес за крај на конфликтот.
- Најавено е укинување на поморската блокада и повторно отворање на Ормускиот теснец за меѓународен транзит по смирување на тензиите.
- Иран наведува дека засега е усогласен само текстот и дека спроведувањето зависи од формално потпишување; истовремено се работи на двофазен пристап со нуклеарните прашања во втора фаза (60 дена).
- САД велат дека нема автоматски економски придобивки само со потпишување, туку тие следат по исполнување на обврските.
- Европските држави изразуваат поддршка со услов договорот да овозможи проверливи чекори во нуклеарната програма; тензии на терен се пријавуваат и покрај дипломатскиот напредок.
По месеци закани и стравувања од поширок регионален конфликт, САД и Иран постигнаа договор за прекин на непријателствата кој треба да биде потпишан в петок во Швајцарија и веднаш потоа да стапи во сила – објави пакистанскиот премиер како посредник. „По интензивните разговори, со задоволство објавуваме дека е ПОСТИГНАТ мировниот договор меѓу САД и Исламската Република Иран. Двете страни прогласија моментално и трајно прекинување на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан“, изјави објава на Шехбаз Шариф – премиер на Пакистан. Вашингтон најави дека САД ќе ја укинат поморската блокада врз иранските пристаништа, а Ормускиот теснец повторно ќе биде отворен за меѓународен поморски сообраќај без дополнителни давачки за транзит. Според Трамп, договорот ќе придонесе за мир и безбедност во регионот и ќе овозможи непречен проток на нафта кон светските пазари. „Договорот со Исламската Република Иран сега е завршен. Честитки до сите! Со ова целосно го одобрувам отворањето на Ормускиот теснец без наплата на такси и истовремено наредувам веднаш да се укине поморската блокада на САД. Бродови од целиот свет, подгответе се за пловидба. Нека потече нафтата!“-објава на Доналд Трамп -претседател на САД. Договорот е потврден и од Техеран, но оттаму велат дека засега е усогласен само текстот на меморандумот за разбирање. Остануваат отворени прашањата околу нуклеарната програма. Според иранската страна, 60-дневните нуклеарни преговори ќе започнат само по ослободување на замрзнатите средства и отворање на процес за укинување на санкциите. Техеран инсистира на целосно укинување на санкциите и меѓународните ограничувања, додека американски претставници ги отфрлаат овие услови како дел од договорената рамка. „Засега е финализиран само текстот на меморандумот за разбирање. Обврските ќе стапат во сила по формалното потпишување. Немаме доверба во другата страна, затоа спроведувањето е исклучително важно. Имаме планови за следење на обврските на САД и за следната фаза од преговорите која треба да води кон конечен договор. За нас клучно ќе биде целосното спроведување.“, изјави Казем Гарибабади – заменик-министер за надворешни работи на Иран. Израел сè уште не го коментира договорот, додека светските лидери го поздравија дипломатскиот пробив. Во заедничка изјава, Велика Британија, Франција, Германија и Италија го поздравија договорот како можност за регионална стабилност и стабилизирање на глобалната економија, со порака дека се подготвени за укинување на санкциите доколку Иран преземе проверливи чекори во својата нуклеарна програма. „Посебно ги цениме напорите на посредничките земји. Доколку овој меморандум се спроведе доследно, тоа ќе придонесе за намалување на ризиците за глобалната економија и стабилноста на енергетските текови“, изјави Минору Кихара -главен секретар на кабинетот на Јапонија. Веста веќе се одрази на светските пазари – цените на нафтата бележат пад, а берзите растат поради очекувањата за намалување на тензиите. Аналитичарите сепак предупредуваат дека вистинскиот тест ќе биде неговата имплементација во наредните месеци. Бојана Крстевски Категорија: СветNadnaslov: Блиски ИстокСлика за вест:
2 hours agoВашингтон соопшти дека денеска треба да биде потпишан договор за завршување на конфликтот на Блискиот Исток. Американскиот претседател Трамп изјави дека договорот со Иран ќе го отвори Ормускиот теснец веднаш и ќе стави крај на заканата од нуклеарно вооружување на Техеран. Тој предупреди на „крајна алтернатива“ доколку процесот пропадне, и нагласи дека нема да има размена на готовина. Според него, САД ќе ги преземат резервите на збогатен ураниум по смирување на тензиите. „Иран нема да има нуклеарно оружје, ниту преку купување, ниту преку развој или било каква друга форма. Нема да се разменуваат пари. Во соодветно време ќе ја добиеме таканаречената „нуклеарна прашина“ и ќе ја уништиме. Се надеваме дека овој процес ќе се одвива брзо, лесно и непречено. Ако не се случи тоа, имаме крајна алтернатива“, објави Доналд Трамп, претседател на САД. Сепак, потпишувањето останува неизвесно. Техеран ги отфрли тврдењата дека документот ќе биде потпишан во рок од 24 часа, оценувајќи дека роковите создаваат тензии. Иако остава можност тоа да се случи во следните денови, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Багеи изјави дека „не станува збор за финален договор, туку за меморандум“ и предупреди дека процесот останува нестабилен. Од друга страна, Иранската револуционерна гарда порача дека временската рамка е „тест за преговарачкиот тим“. „Со оглед на јасните ставови на иранските претставници дека договорот не е финализиран, се чини дека преговарачите на нашата земја се свесни за овие скриени слоеви и нема да дозволат таков медиумски и церемонијален маневар. Од оваа перспектива, судбината на потпишувањето нема да биде само технички тест за содржината на разбирањето, туку и тест за чесноста и отпорот на иранските претставници на демонстративни притисоци“, објави Иранската револуционерна гарда. Во меѓувреме, Катарските преговарачи се упатија кон Иран за да помогнат во финализирањето на договорот. Исламабад потврди дека се подготвува за електронско потпишување на документот. „Пакистан се подготвува за електронско потпишување на мировниот договор, по што ќе следат разговори на техничко ниво следната недела. Уверени сме дека овој историски мировен договор ќе формира силна основа за траен мир“, објави Шехбаз Шариф, премиер на Пакистан. Во истовреме, тврдокорни групи протестираат во Техеран обвинувајќи го министерот Арагчи за отстапки кон Вашингтон. Наспроти потенцијалниот договор меѓу Иран и САД, Израел ги интензивира нападите врз Хезболах во јужен Либан. Паралелно, Државната телевизија објави дека погребната церемонија на убиениот врховен лидер Хамнеи ќе се одржи од 4-9 јули. Хамнеи беше долгогодишен лидер на Иран и беше убиен во американско-израелски напади на почетокот на годинава, по што го наследи неговиот син Моџтаба. Бојана Крстевски Tags: топКатегорија: СветNadnaslov: Блиски ИстокСлика за вест:
22 hours agoПо денови неизвесност и закани, дипломатијата е во офанзива – САД и Иран се сè поблиску до договор за отворање преговори за крај на конфликтот. Шефот на иранската дипломатија вели дека првата фаза би опфатила меѓусебно почитување на суверенитетот, олеснување на санкциите и економски прашања, како и отворање на Ормутскиот теснец во замена за укинување на американската блокада, додека нуклеарното прашање се остава за втора фаза. Според него, условите за нуклеарната програма би се финализирале во рок од 60 дена по првичниот договор, кој би можел да биде потпишан во следните неколку дена. „Овие преговори, кои ќе доведат до крај на војната, се одвиваат во две фази. Првата фаза е потпишување Меморандум за разбирање меѓу Иран и САД. Додека нуклеарното прашање останува за втората фаза, која ќе биде најтешка и за која се предвидени 60 дена преговори“, изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран. Иранската страна инсистира дека високо збогатениот ураниум ќе остане во земјата и ќе се обработува исклучиво во Иран. Од Вашингтон, пак, велат дека економските придобивки нема да бидат автоматски, туку ќе зависат од исполнување на обврските. „Иранците не добиваат никакви средства само за потпишување договор. Ако ги исполнат своите обврски, тогаш ќе следат економски придобивки“, објави Џеј Ди Венс, потпретседател на САД. Пакистан потврди дека е постигнат конечен, договорен текст на мировниот договор и дека работи со двете страни на следните чекори. „Можеме да потврдиме дека е постигнат конечен, договорен текст на мировниот договор. Мирот никогаш не бил толку блиску како што е сега“, објави Шехбаз Шариф, премиер на Пакистан. Сепак, на терен и натаму тензии. Американската војска јавува за соборени ирански дронови во близина на Ормускиот теснец насочени кон комерцијални бродови. „Американските сили ги соборија сите. Меѓународниот трговски коридор останува отворен за транзит“, објави Централната команда на САД. Додека заглавените бродови чекаат повторно отворање на теснецот, Европа со поддршка за дипломатскиот процес. „На Блискиот Исток ја делиме истата посветеност – решавање на конфликтите преку дипломатија. Се надевам дека овој процес наскоро ќе доведе до договор меѓу САД и Иран кој мора да биде цврст, особено во однос на нуклеарните и балистичките прашања, но и да придонесе за регионална стабилност и безбеден сообраќај во Ормускиот теснец“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција. И покрај напредокот во преговорите, останува неизвесно дали двете страни ќе ги надминат разликите околу клучните прашања и дали договорот навистина ќе биде финализиран во следните денови. Бојана Крстевски Tags: топКатегорија: СветNadnaslov: Блиски ИстокСлика за вест:
1 day agoСАД и Иран се поблиску до конечен договор за ставање крај на конфликтот. Ова го изјави иранскиот министер за надворешни работи за Државната телевизија. Според Арагчи, условите што се однесуваат на нуклеарната програма на Иран ќе бидат финализирани во рок од 60 дена по постигнувањето на почетниот договор. Вчера и американскиот претседател Трамп изјави дека војната е завршена. Меѓу САД и Иран постигнат е „конечен, договорен текст на мировниот договор“, објави на платформата Икс, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Додава дека Пакистан, кој служеше како медијатор за време на разговорите меѓу двете страни, сега работи на „финализирање на следните чекори“. Шариф го осуди она што го нарече „непрекината кампања на дезинформации што ја водат оние што сакаат да го саботираат мировниот договор“. Засега не се објавени детали за содржината на договорот, ниту пак се утврдени местото и временскиот рок за негово потпишување. Tags: топКатегорија: СветNadnaslov: Блиски ИстокСлика за вест:
2 days agoСАД тврдат дека војната со Иран е завршена, а мировниот договор би можел да биде потпишан веќе викендов во Европа. Трамп вели дека иранскиот врховен лидер дал зелено светло за спогодбата, со која Техеран треба да се откаже од нуклеарното оружје, а за возврат Вашингтон да ја укине блокадата и да го отвори Ормускиот Теснец. Според него, пресудни биле последните американски напади. „Тоа ќе се случи наскоро, можеби уште овој викенд. Тие нема да имаат нуклеарно оружје. Нема да купуваат, развиваат или поседуваат нуклеарно оружје во каква било форма. Се согласија на тоа. Тоа е многу силен меморандум за разбирање кој е малку концептуален, но е нешто што ќе се спроведе“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп. Иранските власти сè уште не потврдуваат дека е постигнат конечен договор. Велат – текстот е речиси целосно усогласен, но преговорите продолжуваат. Шефот на иранската дипломатија за државниот сервис изјави дека посредниците остануваат активни, но ги обвини САД за недоследност во преговарачкиот процес. „Во однос на текстот, можам да кажам дека тој е претежно финализиран. Проблемот е што противречностите во ставовите на Америка предизвикаа турбуленции во овој процес. Секогаш кога ќе дојдеме до заклучок што ги штити интересите на народот на Иран, јасно ќе го објавиме, но во овој момент сè уште немаме конечна одлука“, изјави Есмаил Багаи • портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран Само неколку часа пред најавата за можен договор, Трамп се закани со нови напади врз Иран, и нафтената инфраструктура, вклучително и врз островот Харг. Европа со претпазлив оптимизам ги следи случувањата. Франција оцени дека евентуалниот договор би можел да стави крај на кризата и најави дека Иран ќе биде една од главните теми на самитот на Г7 следната недела. „Доколку е постигнат договор, тоа е многу добра вест што би можела да стави крај на една неодржлива ситуација која, на крајот, не создаде ништо освен губитници. Тоа би овозможило повторно отворање на Ормускиот Теснец и почеток на преговори за рамката на иранската нуклеарна програма“, изјави Жан-Ноел Баро, министер за надворешни работи на Франција. Веста за можен договор меѓу САД и Иран нагло ги крена берзите, и ја спушти цената на нафтата под границата од 90 долари за барел, што е најниско ниво во последните два месеци. Сепак, Светската банка предупредува на најслаб глобален економски раст од КОВИД-пандемијата наваму. За годинава прогнозира раст од 2,5 проценти, поради кризата на Блискиот Исток, високата инфлација и поскапувањето на енергенсите. Најпогодени се очекува да бидат сиромашните земји, за кои е најавена финансиска поддршка. „Овој конфликт доаѓа во многу тежок период. Зад нас се шест години последователни шокови, а ова е уште еден. Фискалниот простор на владите е ограничен, инфлацијата и понатаму е проблем во многу земји и, севкупно, на владите им е сè потешко да одговорат на вакви кризи“, изјави Ајхан Косе, заменик-главен економист на Светска банка. Во меѓувреме, стотици поддржувачи на иранската власт се собраа во центарот на Техеран, со поддршка за раководството на земјата во екот на дипломатските напори за ставање крај на војната. Бојана Крстевски Категорија: СветNadnaslov: Блиски ИстокСлика за вест:
2 days agoСАД соопштија дека војната со Иран е завршена. Се очекува договорот меѓу двете земји да биде потпишан веќе викендов во Европа. Трамп вели дека иранскиот врховен лидер веќе дал согласност, а како клучен дел од спогодбата е Техеран да се откаже од нуклеарното оружје, по што Вашингтон би ја укинале блокадата и би овозможиле повторно отворање на Ормускиот Теснец. Тој тврди дека последните напади го натерале Иран да го прифати мировниот договор. „Тоа ќе се случи наскоро, можеби уште овој викенд. Тие нема да имаат нуклеарно оружје. Нема да купуваат, развиваат или поседуваат нуклеарно оружје во каква било форма. Се согласија на тоа. Тоа е многу силен меморандум за разбирање кој е малку концептуален, но е нешто што ќе се спроведе“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Иранските власти сè уште не потврдуваат дека е постигнат конечен договор. Велат дека текстот е речиси целосно усогласен, но дека преговорите продолжуваат. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи за државниот сервис изјави дека посредниците остануваат активни, но ги обвини САД за недоследност во преговарачкиот процес. „Во однос на текстот, можам да кажам дека тој е претежно финализиран. Проблемот е што противречностите во ставовите на Америка предизвикаа турбуленции во овој процес. Секогаш кога ќе дојдеме до заклучок што ги штити интересите на народот на Иран, јасно ќе го објавиме, но во овој момент сè уште немаме конечна одлука“, изјави Есмаил Багаи, портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран. Само неколку часа пред најавата за можен договор, Трамп се закани со нови напади врз Иран, вклучително и врз островот Харг и други делови од нафтената инфраструктура. Во меѓувреме, Европа со претпазлив оптимизам ги следи случувањата. Францускиот министер за надворешни работи оцени дека евентуалниот договор би можел да стави крај на кризата и најави дека Иран ќе биде една од главните теми на самитот на Г7 следната недела. „Доколку е постигнат договор, тоа е многу добра вест што би можела да стави крај на една неодржлива ситуација која, на крајот, не создаде ништо освен губитници. Тоа би овозможило повторно отворање на Ормускиот Теснец и почеток на преговори за рамката на иранската нуклеарна програма“, изјави Жан-Ноел Баро, министер за надворешни работи на Франција. Во меѓувреме, стотици поддржувачи на иранската власт се собраа во центарот на Техеран, изразувајќи поддршка за раководството на земјата во екот на дипломатските напори за ставање крај на конфликтот со САД. Бојана Крстевски Категорија: СветNadnaslov: БЛИСКИ ИСТОКСлика за вест:
3 days agoIndia to open first 8-lane tunnel beneath Mukundra Hills Tiger Reserve on June 20, 2026
India’s first 8-lane tunnel beneath a tiger reserve is scheduled to open on June 20, 2026, according to reporting. The t...
Vedanta demerger ends as four new entities begin trading on BSE and NSE
Vedanta Group’s demerger concludes as four newly created companies begin trading on India’s BSE and NSE on Monday, after...
Chandra Observations Indicate Possible Supernova Remnant Near Milky Way’s Galactic Center
Astronomers analyzing data from NASA’s Chandra X-ray Observatory report evidence that may point to a supernova remnant n...