Сообраќајот по државните патишта во Македонија се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, генерално нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сепак, на ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 15–30 минути.

АМСМ препорачува возачите да се движат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од одрони. Истовремено, од 15 април патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сите видови возила до 3,5 тона.

Дополнително, на 06.07.2026 година се планира временa измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип, со траење до завршувањето на санацијата.