Македонија планира изградба на автопатот Скопје–Блаце, при што е избран конзорциум предводен од домашна градежна компанија. Според најавите, градежните работи треба да започнат летово. Проекциите предвидуваат изградбата да заврши за три и пол години. Министерот за транспорт Благој/Николоски наведува дека станува збор за комплексно инженерско решение, бидејќи трасата кон северната граница поминува низ пет тунели, 12 мостови и две галерии, односно вкупно околу 40 инженерски објекти.
Од аспект на економските и сообраќајните ефекти, министерот истакнува дека на овој потег секојдневно транзитира голем број патници, што ја зголемува важноста на проектот. Тој додава дека новиот автопат ќе ја поврзе државата со Косово и со Црна Гора и дека се очекува да го олесни транспортниот пристап и за домашниот бизнис, вклучително и врска со пристаништето во Бар.